„Погба е незрел, не вреди ни 20 милиони фунти“

by
1 минути читање

Погба е најскапиот фудбалер во историјата, иако има напредок во играта од неговото доаѓање, тој сеуште не почнал да блеска во сиот твој сјај.

Во неделата против Ливерпул, Пол Погба имаше уште една разочарувачка партија во која им подари пенал на „Црвените“, па ирскиот новинар и стручен коментатор, Ејмон Данфи упати остри критики на адреса на играчот.

„Погба не вреди 100 милиони фунти” – вели Данфи, кој како играч неколку години бил дел од младинската школа на Манчестер јунајтед.

„Би рекол дека и 20 милиони фунти се премногу. Со парите кои ги потрошија Ван Гал и Мурињо, Манчестер јунајтед треба да има многу подобар тим”.

„Пол Погба е многу незрел. Игра како дете. Не вреди за парите кои беа платени за него и никогаш нема да вреди толку”.

„Тој е бескорисен”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани