Барселона
продолжува со бледите партии, синоќа одново разочара и пред своите навивачи
одигра само 1-1 против Алавес. И покрај тоа што нема ограничување на капацитетот,
на трибините имаше нешто над 37.000 фанови, според некои информации, најмалата
бројка во последните 20 години.
„Нормално е тоа
што луѓето одлучуваат да седат дома наместо да одат на Камп Ноу. Оваа Барса не
личи на ништо. Подобро е да гледате епизода на Сквид Гејм отколку оваа Барса.
Одам на Камп Ноу само бидејќи тоа ми е работа, доколку можев да одберам, и јас
ќе седев дома наместо да ја гледам Барса“ – вели новинарот Сике Родригез.
На клупата синоќа
седеше Серхи Бархуан, кој е привремено решение додека да се испеглаат деталите
за враќање на Чави.
„Доколу бев на
месото на Чави, добро ќе размислев дали да го превземам тимот. Тешко ми паѓа
кога гледам како игра оваа Барса“.