Нов мега трансфер
на Нејмар очигледно ќе биде секојдневен дел од трансфер шпекулациите на
медиумите. На почетокот од оваа недела се појавија стории кои велеа дека
Барселона отворила преговори со ПСЖ за враќање на Бразилецот на Камп Ноу. Потоа
беше објавено дека напаѓачот всушност е поблиску до Реал Мадрид отколку до
Барса.
Сега излезе нова вест, „Еспорте интеративо“ вели дека Нејмар е се поблиску и поблиску до
Барселона и постои навистина реална можност голгетерот да комплетира шокантна
преселба на Камп Ноу.
Извештајот вели
дека Нејмар на пријателите им кажал дека добри се шансите летоска да замине
од ПСЖ. Фудбалерите на Барселона, пред се Меси и Суарез, знаат дека тој е
заинтересиран да се врати и го одобруваат трансферот.
Проблем е тоа што
управата на Барса е во конфликт со играчот и тужбата за неисплатени бонуси од
26 милиони евра, а во трката за потписот на играчот може да се вклучи и Реал
Мадрид.
Новинарот Марсело
Бечлер, кој е близок до Нејмар и беше еден од првите кој објави за преселба на
напаѓачот во ПСЖ, вели дека враќање во Барселона не е невозможна зделка и дека
покрај сите деманти, еден ваков трансфер може да се случи. Сепак, многу, многу
фактори се инволвирани и операцијата е комплексна.
Тој додава дека
Нејмар во моментов е фокусиран само на Копа Америка, но луѓето кои се грижат за
неговата кариера се оптимисти околу враќањето на Камп Ноу.
Os pontos sobre uma possível volta de Neymar ao Barcelona. Não é impossível e, embora as partes neguem, há quem diga que pode acontecer. Mas são muitos, muitos fatores envolvidos. Uma operação muito complexa. https://t.co/hTQl0pbRup
— Marcelo Bechler (@marcelobechler) May 29, 2019