Почнува последниот спринт за Алаба, Реал Мадрид води во трката

by
1 минути читање

Исто како и Алаба, договорот на Серхио Рамос истекува по крајот на сезоната и дефанзивецот би можел да замине како слободен играч.

Се верува дека иднината на Рамос е поврзана со иднината на Алаба. Доколку Реал Мадрид не успее да го задржи својот капитен, одлучно ќе тргнат по Алаба во кој ја гледаат замената за таа позиција.

28-годишниот фудбалер може да игра на повеќе позиции во тимот, па не е исклучена можноста да биде ангажиран и во случај на останување на Рамос.

Според „АС“, Алаба сака да заигра во Реал Мадрид, кралскиот клуб е негов прв избор, но проблем може да бидат високите барања за плата на фудбалерот кој беа проблем и за нов договор со Баерн Минхен.

Покрај Реал Мадрид, во трка по потписот на Алаба се уште и Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челси, ПСЖ, па дури се споменува и Барселона која исто така сака да ја засили дефанзивата со квалитетен играч но таму прво треба да завршат претседателските избори.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×