Медиумите пренесуваат дека починал младиот Лоренцо, момчето со неизлечлива болест кое како последна желба имаше средба со Килијан Мбапе.
Минатиот месец, Килијан Мбапе се најде во фокусот на јавноста со гестот кој го направи.
Едно младо момче од Франција со неизлечлива болест, како своја последна желба побара средба со напаѓачот на Реал Мадрид.
Па кога Килијан Мбапе дозна за ова, го испрати својот приватен авион и го донесе малиот Лоренцо во Мадрид, каде го запозна и со целиот тим на „кралевите“.
„Станува збор за поинакво момче. Во животот има многу поважни работи од фудбалот и сакам да им се заблагодарам на сите во клубот кои ми овозможија да го донесам Лоренцо на натпревар и средба со фудбалерите. Ова беше неверојатен момент за него и многу сум среќен“ – рече тогаш Килијан Мбапе.
Медиумите сега пренесуваат дека младиот Лоренцо починал, неговата ситуација драстично се влошила изминативе денови.