Половина од
осминафиналните пресметки во Лигата на Шампионите веќе се одиграа, другата
половина следи денеска и утре, а вечерва на програмата се дуелите помеѓу
Атлетико Мадрид и Челси, односно Лацио и Баерн Минхен.
Дербито на
вечерта секако е дуелот во Букурешт помеѓу Атлетико Мадрид и Челси, последните
три меѓусебни меча на обете екипи завршија со погодоци, а обете екипи запишаа
по една победа, па очекувањата за добар фудбал на оваа пресметка се големи.
Веќе се познати
почетните состави за обата меча, па еве прилика да се запознаеме со истите,
домаќинот ќе настапи во формациска поставеност од 4-4-2, со Феликс и Суарез
како најистурени во нападот, Челси пак, нешто поофанзивно, со формација 4-3-3 и
Вернер, Жиру и Хадсон-Одои во триото од нападот.
Лацио во Рим на
свој терен го пречекува Баерн Минхен, а ова ќе биде нивна прва меѓусебна
пресметка, според букмејкерите, голема е фаворитската улога на гостинската
екипа за овој меч.
Римјаните ќе
настапат во формација 3-5-2, а Имобиле и Кореа ќе го предводат нападот, кај „Баварците“
најистурен во формациската поставеност од 4-4-1-1 ќе биде Левандовски.