Во претходната
најава за вечерашната реванш пресметка од полуфиналето од Лигата на шампионите,
каде Ајакс на домашен терен го пречекува Тотнем, известивме за анализата која ја
направи „Спортсмејл“, а во истата „Дејли Мејл“ ги погоди и почетните состави за
мечот во Амстердам на Јохан Кројф арената.
Тен Хаг и
Маурисио Покетино ги отворија картите, најавите се потврдија, домаќинот ќе игра
со формација од 4-3-3, а триото во нападот ќе го сочинуваат Нерес, Тадиќ и
Зијех, гостите пак ќе настапат во формација од 4-3-1-2, Деле Али ќе биде
полушпиц веднаш зад Мура и Сон кои ќе бидат дуото од нападот на Премиерлигашот.
Ајакс славеше со
0-1 во првиот меч на гости во Лондон, а Тотнем ќе мора да нападне од првата
минута доколку сака брзо да ја анулира негативата, во големото финале подобриот
од оваа пресметка ќе ги одмери силите со Ливерпул, кој синоќа направи чудо и ја
елиминираше Барселона.
Ајакс: Онана, Де Лихт, Ван де Бек, Нерес, Тадиќ,
Мазрауи, Блид, Шоне, Де Јонг, Зијех и Таљафико.
Тотнем: Лорис, Трипие, Роуз, Алдервирелд,
Вертонген, Сон, Ванјама, Сисоко, Али, Ериксен и Мура.