Почетни состави: Гризман и Дембеле како поддршка за Меси во нападот, Икарди прва опасност кај ПСЖ (ФОТО)

by
1 минути читање

Познати се почетните
состави за вечерашните возбудувања во Лигата на шампионите во првата фаза од
нокаут рундата од ова натпреварување, дербито на вечерта секако е пресметката
помеѓу Барселона и ПСЖ, а во истиот термин со почеток од 21 часот се среќаваат
уште и Лајпциг и Ливерпул.

Барселона во
формациска поставеност од 4-3-3 ќе почне од првата минута, а водечкото трио во
нападот, според изборот на Роналд Куман, ќе го предводи Меси во друштво на
Гризман и Дембеле.

Што се однесува
пак составот на ПСЖ, Маурицио Покетино се реши да настапи во формациска
поставеност од 4-4-1-1, со тоа што веднаш зад Икарди како најистурен во
нападот, ќе игра Верати, а странично ќе напаѓаат Кин и Мбапе.

Поради
рестрикциите за заштита од коронавирусот, мечот помеѓу Лајпциг и Ливерпул,
наместо во Германија, ќе биде одигран на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта, а
Жулијан Нагелсман и Јирген Клоп ги отворија картите, се чини дека обата
фудбалски стратези посакуваат офанзивен фудбал вечерва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×