Почетни состави: Челси напаѓа со Вернер, Атлетико Мадрид со Феликс и Суарез (ФОТО)

by
2 минути читање

Челси – Атлетико Мадрид,
Баерн Минхен – Лацио, ова се вечерашните реванш пресметки во осминафиналето од
Лигата на шампионите, а истите стартуваат во терминот од 21 часот.

Челси со голот на
Жиру обезбеди минимален триумф на гости во пресрет на реваншот на свој терен
против Атлетико Мадрид, а секако за одбележување е фактот што „Сините“ од
Лондон под водство на Томас Тухел заборавија како е да се загуби натпревар, но,
составот предводен од Диего Симеоне секако не е за предвремено отпишување.

Веќе се познати
почетните состави за двата вечерашни меча, па ќе за почнеме со дербито на
вечерта, Челси ќе настапи во формациска поставеност од 3-4-2-1, со тоа што
Вернер ќе биде најистурен во нападот на домаќините.

Атлетико Мадрид
ќе игра во формација 4-4-2, со тоа што Феликс и Суарез ќе бидат главната
опасност кон голот на домаќините.

На втората реванш
пресметка се чини дека постои невозможна мисија за Лацио на гостувањето кај
Баерн Минхен, особено по големиот пораз од 1-4 на домашен терен, па за
очекување е реваншот во Минхен да биде само формалност.

Ханси Флик се
реши за формација 4-2-3-1, со тоа што Левандовски ќе биде осамен во нападот, од
страна ќе напаѓаат Гнабри и Сане, а веднаш зад полскиот напаѓач ќе игра Милер.

Што се однесува
пак до изборот на Симоне Инзаги, Лацио ќе настапи во формациска поставеност
3-5-3, со Кореа и Муриќи во нападот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани