„Специјалниот“
кога беше на кормилото на „ѓаволите“ често беше критикуван. Најмногу беше на
мета на поранешните фудбалери на Манчестер јунајтед, како Гери Невил и Пол
Сколс.
Двајцата
Англичани знаат сè кога се пред мониторите како стручни коментатори, и кога
прават анализа на натпреварите, играта, лошите резултати и сл. Но тие потфрлија
кога добија шанса да покажат што умеат како тренери. Гери Невил издржа четири
месеци на кормилото на Валенсија, а Пол Сколс едвај 31 ден на столчето на
четвртолигашот Олдам.
Па Жозе Мурињо
сега ги „поздрави“, и им порача дека треба да бидеш роден со талент за да
успееш како тренер.
„Има една работа
која луѓето понекогаш ја забораваат, дури и најдобрите стручни коментатори
забораваат, а тоа е дека мораш да се родиш со одреден талент“ – вели Португалецот
за „Раша Тудеј“.
„Треба да имате
природно познавање и да го разбирате фудбалот. Да имате лидерски способности,
комуникациски, да имате емоционална интелегенција. Технологијата и искуството од
други полиња не можат да заменат еден важен квалитет, а тоа е да знаете да се
справите со притисокот“.
„Една работа е да
седите пред екран и да анализирате натпревр во живо, да кажате „сега би го
извадил овој играч, и би го ставл оној играч“. Но друго е да ја донесете таа
одлука кога сте крај аут линијата. Дали и таму ќе ја имате таа состојба на умот
да останете смирен, да бидете аналитичен, да ја прочитате играта, да бидете
доволно храбар да го издржите притисокот?“
„Секогаш сум
велел дека сите останати во светот знаат повеќе за фудбалот од нас. Ова е
единствената работа во која обичните луѓе знаат повеќе од специјалистите, и му
благодарам на Бог што е така, бидејќи затоа фудбалот е тоа што е“.
„На пример во
Англија, поранешниот играчи кои биле топ фудбалери и сега се извонредни пред
екраните, одат во некој клуб и по два месеци, збогум, ајде да си одиме дома,
ова не е за нас“.
„Има работи кои
ги имате, или ги немате“.