„Кралевите“ веќе
го официјализираа трансферот на Едер Милитао од Порто, а се говори дека
завршена работа е и пристигнувањето на Еден Азар. Л’екип објави дека се е
договорено и зделката вредна околу 100 милиони евра ќе биде потврдена по дуелот
на Челси со Арсенал во финалето од Лига Европа на 29. мај.
Овој рецепт ќе
биде применет за уште едно засилување, односно Лука Јовиќ од Ајнтрахт
Франкфурт. АС вели дека трансферот на Србинот е договорен но ќе биде
официјализиран следната недела откако Ајнтрахт ќе го одигра последниот меч во
Бундеслигата.
„Орлите“ од
Франкфурт се уште се борат за топ четири пласман и место во Лигата на
шампионите, па Реал не сака да им го одвлече вниманието.
Клубот од
Бернабеу ќе плати 60 милиони евра за Лука Јовиќ и ќе го направи 21 годишниот
напаѓач најскапиот фудбалер на Балканот.