Арон Ван-Бисака
немаше добро издание за Манчестер јунајтед во минималната победа над Вест Хем
синоќа која дојде по автоголот на Досон, а медиумите на Островот пишуваат дека
капитенот на „Црвените ѓаволи“, Хари Мегваер го „подбрал“ бекот.
Ван-Бисака во
неколку наврати го губеше поседот на топката, а не беше ниту на висина на
својата задача во дефанзивната улога назад, со тоа што го налути својот капитен
кој уште во првото полувреме реагирал.
„Е*ено прибери се
веќе, престани да им ја даваш топката!“ му довикал Мегваер на Ван-Бисака,
пишуваат на Островот.
Ова не е прв пат
Мегваер да реагира бурно кон своите соиграчи, претходно тоа го снајде и Маркус
Рашфорд во киксот и ремито без голови кај Кристал Палас, откако офанзивецот во
неколку ситуации беше „уловен“ во офсајд замка, на што бурно реагираше Мегваер.
‘Што сакаш од мене
да сторам?’ Го праша Рашфорд својот капитен пред да следи и неговиот налутен
одговор: ‘Не излегувај од
линијата!’.