„По Азар, Салах е приоритетот на Реал за да се формира супер-трио во нападот“ – новинар на Канл+ најави бомба

by
2 минути читање

Реал Мадрид
летоска ќе прави голема реконкструкција на тимот, па „кралевите“ се поврзуваат
со голем број на фудбалери. Послено име кое се придодаде на списокот со желби
на Флорентино Перез и Зинедин Зидан е Мохамед Салах од Ливерпул.

Ваква информација
синоќа пренесе новинарот на Канал+ Филип Карајон, тој соопшти дека „кралевите“
по секоја цена го сакаат популарниот „Фараон“.

„Продолжува
реконструкцијата на Реал Мадрид и по трансферот на Азар, иако не е официјално
потврдено сите знаеме дека зделката ќе биде соопштена по финалето од Лига
Европа, Зидан ќе тргне по уште еден одличен напаѓач и тоа е Мохамед Салах“

вели Карајон.

„По Азар, Салах е
приоритет за формирање на супер-трио во нападот“.

Тој не откри
повеќе детали и само посочи дека веќе е остварен прв контакт помеѓу Реал Мадрид
и Мохамед Салах. Египјанецот има договор со Ливерпул до 2023 и „црвените“ сигурно
нема лесно да се откажат од напаѓачот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани