33-годишниот Компани го одигра последниот натпревар за Манчестер Сити, немаше подобар начин од тоа да се опрости со победа од 6-0 против Ватфорд во ФА Купот со што ја комплетираше историската тројна круна во Англија.
„Само што ја завршивме оваа неверојатна сезона. Моја 11та. Не можам да верувам дека го пишувам ова… но исто така и моја последна“, го потврди Компани своето заминување.
„Безброј пати го имав замислено овој ден. Се уште не можам да сфатам дека е реално. Манчестер Сити ми даде се. Време дојде да си заминам. И ова е неверојатна сезона за збогување. Благодарен сум на сите кои ми даваа поддршка на ова посебно патување, во овој многу посебен клуб“, беа дел од зборовите на играчот со кои се збогуваше.
Компани се враќа во Андерлехт, клубот каде што ја почна кариерата. Тој потпиша тригодишен договор со белгискиот клуб каде ќе биде играч и тренер.