ПМФЛ: Шкендија промаши два пенали, но дојде до триумф против Академија Пандев

by
1 минути читање

По вчерашниот
пораз на Вардар од Работнички, Шкендија се одлепи од својот ривал за титулата
цели 11 бода по денешните три бода кои ги освои на домашен терен во дуелот
против Академија Пандев кој го доби со минимални 1-0.

Единствениот гол
на средбата во Тетово беше дело на Хасани во 79. минута со што се продолжи
низата негативни резултати за струмичкиот клуб кој не може да се пронајде себе
си во вториот дел од сезоната.

Она што е интересно од средбата во Тетово е фактот што домаќините промашија не еден, туку два пенали, непрецизни во ударите од белата точка беа Хасани и Ибраими. 


Резултати од
денешните средби
:

Скопје – Ренова 1:1

Победа – Шкупи 3:3

Шкендија –
Академија Пандев
1:0

Силекс – Пелистер
(одложено)

 

Табела: Шкендија 53, Вардар 42, Силекс 32,
Работнички 27, Шкупи 27, Академија Пандев 26, Ренова 21, Победа 21, Пелистер 20
и Скопје 12.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани