321
Благодарение на победата од 2-1 во Милано, Јувентус се пласираше во финалето од Купот на Италија, вчерашниот меч против Интер во Торино заврши без голови.
„Како дебитант, мојот план беше да го освојам Супер Купот, да стигнам до финалето од Купот на Италија и да играм во осминафиналето од Лигата на шампионите“, изјави Пирло по мечот.
„Како фудбалер е полесно, ќе заврши мечот и тоа е тоа. Како тренер веднаш треба да размислувате на следниот натпревар, треба да мислите за 30 различни глави“.
„Но се уште ништо не сме освоиле, сега ќе одмориме и ќе се подготвуваме за саботниот натпревар“.