Пирло: Кјелини нема да игра против Барса, за Бонучи ќе знаеме утре, резултатите од тестот на Роналдо ќе ги добиеме вечер

by
1 минути читање

Тренерот на
Јувентус денеска се појави на прес конференција пред утрешното големо дерби со
Барселона и откри каква е здавствената ситуaција. Џорџо Кјелини поради повреда
нема да игра, Леонардо Бонучи има шанси иако не е 100% подготвен и утре ќе биде
донесена дефинитивна одлука, додека пак Кристијано Роналдо вечер ќе ги добие
резултатите од коронавирус тестот.

Матајс де Лихт
исто така не е во комбинација, Холанѓанецот тренира недела дена, но лекарскиот
тим се уште не дал зелено светло за негово враќање на терените.

„Ги чекаме
резултатите од тестот на Роналдо, вечерва ќе добиеме дефинитивен одговор.
Кјелини сигурно нема да игра, за Бонучи ќе знаеме утре, не е 100% подготвен.
Што се однесува до Де Лихт, се уште не сме добиле OК од лекарскиот тим“

изјави Андреа Пирло.

„Барселона е
силен тим со големи шампиони, па ќе треба да одиграме на едно високо ниво.
Играчите ќе мора да изгинат на терен и да одиграат најдобро што умеат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани