Пиоли: Здраво беше за нас да почувствуваме пораз, одамна се немаше случено тоа

by
1 минути читање

Милан синоќа со 3-1 го загуби дербито од Јувентус, тоа беше прв пораз за росонерите во Серија А од март.

„Момците беа со наведнати глави во соблекувалната, беа разочарани, но на некој начин беше здраво за нас да искусиме пораз, не сме го почувствувале тоа одамна“, вели Пиоли.

„Им кажав дека можат да бидат горди на тоа што го направија и покрај сите проблеми кои ги имавме. На овој меч покажавме дека сме силен тим“.

„Треба да имаме големи амбиции и од овој натпревар треба да излеземе со самодоверба дека можеме да се бориме до крајот, бидејќи имаме се што ни е потребно“.

„Треба да ја симнеме капата и да му честитаме на противникот за победата. Ако ги оценуваме стуациите требаше да одиграме подобро во дефанзивата, но генерално одигравме одлично, посветено, концентрирано“.

„При 1-1 нивниот голман имаше голема одбрана, можеби ќе беше сосема поинаку ако ние поведевме со 2-1“.

„Сепак треба да бидеме задоволни со нивото на перформанси кое го покажавме, покажавме колку добар е овој тим на Милан“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани