Пиоли закажал состанок, играчите на Милан не смеат да се однесуваат како на мечот против Специја

by
0 минути читање

Милан веќе не е лидер во Серија А, но може да се врати таму доколку го добие гратското дерби против Интер кое се игра следниот викенд.

Претходно е мечот со Црвена звезда во Лига Европа во Белград.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Пиоли свикал итен состанок пред овие мечеви на кој фудбалерите ќе бидат предупредени дека не смеат да имаат лабав пристап на мечевите како на овој против Специја.

„Тутоспорт“ пишува дека проблемот на Милан станува психолошки и Пиоли ќе се обиде да направи влијание врз тој сегмент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×