Пиоли се извини но вели дека пцовките и навредите не биле за Солшер туку за Мекена

by
1 минути читање

По последниот
свиреж на дуелот помеѓу Милан и Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер тргна да
се поздрави со Стефано Пиоли, му кажа „Добар тим“ а стратегот на Милан возврати
со пцовки и навреди.

„Шупак, магаре! Tвојата
сестра е добар тим, твојата сестра“
– беа дел од зборовите кои ги извори Стефано
Пиоли.

Во разговор со АНСА,
тој сега се извини за своите постапки и објасни дека пцовките и навредите не
биле за Оле Гунар Солшер, туку за неговиот асистент Киран Мекена.

„Жалам за реакцијата
која ја имав, нема да се повтори. Му честитав на Солшер, бев лут на неговиот
асистент“
– вели Пиоли.

Според АНСА,
Стефано Пиоли бил бесен на Киран Мекена бидејќи во неколку наврати ја задржувал
топката и трошел време при изведување аути.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани