Пиоли открива што им кажал на фудбалерите по поразот од Интер

by
2 минути читање

Милан врза два
порази во низа во Серија А, па за момент се вклучи алармот во оваа екипа откако
запиша пораз од Специја, но и градскиот ривал Интер, а на обата меча не даде
ниту еден гол, првиот го загуби со 2-0, за вториот дури и 3-0, а следеше и реми
кај Црвена звезда во Лига Европа со 2-2.

Ова беше тежок и
комплициран период за нас, но, сето тоа е нормално кога ќе се увиди дека
амбициите сега се на едно повисоко ниво, досега успевавме да се провлечеме низ
тешките моменти
“ изјави шефот на стручниот штаб на „Росонерите“, Стефано Пиоли,
кој ги открива зборовите кон неговите избраници по поразот од Интер.

Имавме обемна
анализа за последниот пораз, успеавме да се носиме со противникот само во
завршницата од првото полувреме, како и на почетокот од второто, игравме со
доста слаб интензитет
“ вели Пиоли.

Во мојот тим
гледам група од мотивирани фудбалери кои посакуваат мошне брзо да се вратиме во
својот препознатлив ритам пред неколку седмици, им реков дека претстојат уште
90 денови до крајот на оваа сезона, овој период ќе биде клучен за нашата
сезона, доколку работите тргнат на добро, можеби ќе бидат и 93 денови пред
финалето во Лига Европа
“ посочи тренерот на Милан кој наведе дека Ибрахимовиќ
ќе отсуствува на неколку тренинзи поради учество на музички фестивал, меѓутоа
ќе биде достапен за натпреварите..

На табелата во
Серија А лидер во моментов е Интер со досега освоени 53 бода, следи Милан со
четири бода помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани