Пике откри што му пишал на Меси кога дознал дека сака да си оди и порача: Како може еден ден да стане и да испрати…

by
2 минути читање

Во август, Лео
Меси напрати потрес на Камп Ноу откако испрати итен допис со кој побара за
беспари да замине од Барселона. Раководството на клубот предводено од Жозеп
Мариа Бартомеу одби да му ја исполни желбата со образложение дека клаузулата за
едностран раскин на договорот е истечена и може да замине само доколку некој
плати 700 милиони евра.

Аргентинецот
мислеше поинаку, но не сакаше да влезе во судски спор со Барселона па реши да
остане и да ја одработи последната година.

Жерард Пике сега
ги прокоментра случувањата и откри што му пишал на Лео Меси.

„Не разговарав
премногу со Лео во тие моменти, сметав дека се работи за лична одлука. Паметам
една порака, му пишав, „Лео, почекај една година, ќе дојдат нови луѓе..“ Меси
го заслужи правото сам да реши кога да замине и доколку чувствувал дека треба
да замине… доколку јас бев претседател, ќе постапев поинаку. Играч кој толку
многу му дал на клубот цели 16 години, обврска ви е да постигнете договор со
него. Не ми е јасно како може да има толку голема разлика помеѓу двете страни“

вели Жерард Пике.

За итниот допис
кој го испрати напаѓачот, тој додава: „Се чудев, „Како е можно најдобриот играч
во историјата, да стане еден ден и да испрати итен допис бидејќи чувствува дека
раководството не го слуша?“ Тоа е шокантно. Што се случува? Меси заслужува се.
Новиот стадион треба да го носи неговото име, па потоа тоа на спонзорот. Треба
да ги зачуваме легендите, а не да ги дискредитираме. Ме изненадува тоа што луѓе
како Пеп, Пујол, Чави или Валдес не се дел од клубот. Нешто не е како што
треба“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани