Пике одново киксираше, Меси спасуваше (ВИДЕО)

by
2 минути читање

По слабите
перформанси во домашното првенство, Барса се рехабилитираше со победа на Вембли
против Тотенхем во Лигата на шампионите. Но избраниците на Валверде не успеаја
да се надоврзат на овој резултат, и вечерва одиграа само 1-1 на Местаља.

Валенсија поведе
по само 75 секунди. По еден корнер од левата страна, Пике имаше неспретна
реакција и му помогна на Гарај да погоди на подалечната статива.

Барса се врати во
игра во 23. минута. Меси имаше одлично двојно проигрување од Суарез и потоа од
врвот на шеснаесетникот прецизно биеше во долниот агол за 1-1.

Во продолжението
од мечот двете екипи сепак немаа многу желба за надигрување, како одминуваше
времето Валенсија се повеќе играше затворено а „Каталонците“ без многу идеја
само кружеа околку шеснаесетникот на противникот.

Најубавата шанса
за нов гол ја имаше Кутињо по една одлично изработена акција во која учествуваа
Меси и Суарез, но Бразилецот премногу се колебаше и остави време за дефанзивата
на Валенсија да интервенира.

По новиот меч без
победа, Барса го предаде врвот на табелата. Севиља сега е на чело со 16 бода
откако денеска со 2-1 ја совлада Селта. Атлетико Мадрид пак со победата од 1-0
над Бетис целосно фати приклучок по лошиот старт на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани