Во инервју за „Ла Вангуардиа“, Пике меѓудругото одговори и на прашање поврзано со аферата Барсагејт. Клубот ја плаќал компанијата 13 Вентурес, која имала задача преку постови на социјалните мрежи да критикува сегашни и поранешни играчи на Барселона.
„Сакам да бидам во добар однос со сите, но понекогаш…“, вели Пике запрашан за неговиот однос со претседателот Бартомеу.
„Проблемот со социјалните медиуми. Како играч на Барселона, гледам дека мојот клуб троши пари, парите кои ги бара од нас подоцна, за да се критикуваат не само надворешни луѓе кои имале претходна врска со клубот, туку играчи кои се уште се тука. Тоа е шокантно“.
„Го прашав Бартомеу да ми објасни, тој ми рече дека не знае ништо за тоа. Му верував тогаш. Но потоа кога ќе видите дека човекот кој е одговорен за тоа се уште е во клубот. Тоа боли многу“.
„Ова го кажувам во јавноста, бидејќи веќе му го кажав на претседателот. Па мојот однос со претседателот веројатно само процедурален, но се уште постои“.
„АС“ пишува дека Пике за оваа изјава добил комплетна поддршка од своите соиграчи кои му честитале на денешниот утрински тренинг.