Каи Хаверц поради повреда ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната, па Арсенал би можел да се реши за ангажман на слободен играч, има неколку интересни имиња кои се без договор.
Микел Артета и Арсенал добија катастрофални вести, повредата на Каи Хаверц заработена на тренинг кампот во Дубаи е од посериозна природа, па сезоната за Германецот е завршена.
Букајо Сака, Габриел Жесус и Габриел Мартинели исто така се повредени, па „топчиите“ во моментов како опции во нападот ги имаат само Леандро Тросар, Рахим Стерлинг и младиот Етан Нванери.
Постои можност Арсенал да настапи на трансфер пазарот и да ангажира слободен играч, но изборот е прилично ограничен.
Низ медиумите кружат многу имиња, а се издвојуваат неколку како Диего Коста, кој е добро познат на „островото“ по настапите во дресот на Челси.
Тука се двајца фудбалери кои имаат минато со Арсенал – Карлос Вела и Лукас Перез.
28 годишниот Макси Гомез исто така е без клуб, како и проблематичниот Висам Бен Једер, кој има проблеми со законот.