На Интер му е
доволен само еден бод од вечерашното гостување кај Тотенхем во петтото,
претпоследно коло од групите во Лигата на шампионите, за да обезбеди место во
елиминационата фаза од тоа натпреварување.
Сепак, еден од
најдобрите поединци на италијанскиот прволигаш, Иван Перишиќ смета дека
неговиот тим освен пристап на победа, за друг, поинаков пристап на натпреварите
не знае.
„Ние знаеме дека
еден бод би бил доволен за да продолжиме понатаму, но, ние секогаш играме на
победа, знаеме само на таков пристап на натпреварите“ рече Хрватот.
„Свесни сме дека
ќе биде тешко, играме против една силна екипа со многу талентирани играчи во
својот состав, но, ако размислуваме само на тоа како да освоиме бод, тогаш ќе
загубиме“ додаде офанзивецот кој притоа ги коментираше шпекулациите за трансфер
во Премиерлигата, поточно во Манчестер јунајтед.
„Веќе имав кажано
дека тоа би било остварување на сонот, во фудбалот се’ е возможно, но, во моментов сум концентриран само
на Интер, работам максимално напорно за мојата екипа“ издвои Перишиќ.
Интер во моментов
е три бода пред Тотенхем на табелата, а во последното коло Италијанците играат
на домашен терен со ПСВ, додека пак, Тотенхем гостува кај Барселона.