Перин е нов фудбалер на Јувентус: Некои шанси се укажуваат само еднаш во животот!

by
1 минути читање

„Старата Дама“
тргна по нов голман откако Џиџи Буфон реши да го напушти клубот по 17 години
престој во Торино. Изборот падна на 25 годишниот Матија Перин и Јувентус за
кратко време пронајде заеднички јазик со Џенова.

Италијанецот
денеска ги помина редовните лекарски прегледи и стави потпис на четири годишен
договор. Јувентус соопшти дека за услугите на Матија Перин ќе плати 12 милиони
евра, плус 3 додатни милиони во бонуси.

За новата
авантура, Матија Перин рече: „Пристигнувам со голем ентузијазам, скромност и
желба да учам. Се надевам дека ќе можам да помогнам и да допринесам за остварување на целите
кога ќе добијам шанса
.

„Јувентус пројави
силен интерес и кога стапија во контакт со мојот агент не можев да дадам друг
одговор освен ДА. Некои шанси ви се укажуваат само еднаш во животот, не можев
да им кажам НЕ на „Бјанконерите“
.

Матија Перин
важеше за еден од најперспективните голмани на „Чизмата“ но имаше два големи
пеха. Во април 2016 заработи сериозна повреда на коленото, а потоа ледеше нова
долга пауза откако во јануари 2017 одново ги скина лигамените.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани