Перез нема да се штеди за Нејмар, ќе урива неколку рекорди за да го ангажира Бразилецот!

by
1 минути читање

„Кралевите“ имаа кошмарни седум дена во кои два пати загубија од Барселона пред своите фанови, а потоа беа понижени и од Ајакс во Лигата на шампионите.

Па Флорентино Перез сака да го крене расположението со ангажман на нов „галактико“ и да ја исправи грешката од минатото лето кога не беше донесена замена за Кристијано Роналдо.

Па ќе тргне по Нејмар и за услугите на Бразилецот ќе понуди неверојатни 350 милиони евра. Перез сака уникатен играч кој е способен да ги возбуди фановите и туристите кои пристигнуваат на Бернабеу, и Нејмар е токму ваков профил на играч.

Тој е убеден дека понудата, која ќе биде рекордна, ќе биде доволна за сопствениците на ПСЖ да дадат зелено светло. Исто така, претседателот на Реал чувствува дека Нејмар нема да може да го одбие по трет пат (претходно му кажа не во 2011 и 2013). За Бразилецот подготвува годишна плата од фантастични 45 милиони евра, како и откупна клаузула од 2 милјарди евра, која исто така ќе биде рекордна сума.

Во меѓувреме, Нејмар замина за Доха на прегледи во специјализирана болница. Тој ќе престојува три дена во главниот град на Катар и се очекува сопствениците на ПСЖ да се сретнат со него и да разговараат за иднината. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани