Првиот човек на
Реал и агентот на ЦР7 во јануари постигнале џентлменски договор според кој
Португалецот ова лето ќе може да замине од Мадрид за сума од 100 милиони евра.
Токму ова сака да
го искористи Јувентус и да го донесе Кристијано Роналдо во своите редови. Се
верува дека „Старата Дама“ веќе се има договорено со играчот за плата од 30
милиони евра и сега само треба да ја достави понудата до „Кралевите“.
Но според Ла
Стампа, Флорентино Перез би можел да не го испочитува џентлменскиот договор.
Весникот кој исто како и Јувентус е во сопственост на семејството Ањели, пишува
дека првиот човек на Реал Мадрид е незадоволен од начинот на кој се однесувал
Кристијано Роналдо и Жорж Мендеш.
Па тој сега бара
150 милиони евра за да дозволи Португалецот да го напушти Реал. Ла Стампа
додава дека Флорентино Перез нема да седне на маса и да почне преговори доколку
сумата е помала од 130 милиони евра.