Искусниот
аргентински напаѓач од редовите на Манчестер Сити, Серхио Агуеро го запиша
својот прв настап по пауза од цели четири месеци во победата над Арсенал
изминатиов викенд.
Сепак, актуелниот
договор на Агуеро истекува идното лето, а шефот на стручниот штаб на „Граѓаните“,
Пеп Гвардиола упати еден вид предупредување до напаѓачот дека мора да докаже
дека заслужува да продолжи со тој клуб.
„Најважното нешто
во моментов е Серхио да се врати добро физички подготвен, во добра кондиција,
полека но сигурно да влегува во ритам, да не се здобие со нови повреди и да
игра во добра форма“ изјави Гвардиола.
„Потоа, останува
на клубот да одлучи што понатаму со него, ние точно знаеме што значи Агуеро за
овој клуб, го почитуваме, но сега тој треба на сите да им покаже и докаже дека
заслужува да продолжи тука и да игра во добра форма, а со тоа да носи и победи
за тимот“ додаде Гвардиола.