Пеп со лудо ветување: Запрете го Арсенал и добијте – Ролекс!

by 24 фудбал
1 минути читање

Борбата за шампионската титула во Премиер лигата влегува во драматична завршница, а Арсенал е на чекор до првата титула по 22 години.

Тимот на Микел Артета има два бода предност пред Манчестер Сити и сам одлучува за својата судбина во последните две кола. „Топчиите“ најпрво играат против Барнли, а потоа гостуваат кај Кристал Палас.

Во Манчестер не се откажуваат од надежта за нова титула, а англиските медиуми пласираа интересна приказна поврзана со Пеп Гвардиола. Според тие информации, шпанскиот стратег наводно им ветил луксузни „Ролекс“ часовници на фудбалерите на Барнли доколку успеат да му одземат бодови на Арсенал.

Иако ваквите тврдења не се потврдени, приказната брзо се прошири во англиската јавност и предизвика бројни реакции.

Барнли веќе е испаднат од лигата, но тимот и понатаму игра без притисок и се обидува да им создаде проблеми на фаворитите во финишот од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×