Шефот на
стручниот штаб на бранителот на титулата во Премиерлигата, Манчестер Сити, Пеп
Гвардиола откри дека му се извинил на Габриел Жесус за неговата одлука ударот
од белата точка во завршницата од дербито против Ливерпул на Енфилд да му го
препушти на Ријад Марез.
Алжирецот имаше
мат ситуација да ги реши сите дилеми на Енфилд, а евентуално водство на Сити во
86. минута по една таква
доминација на теренот на домаќинот, тешко дека избраниците на Клоп би се
вратиле во игра.
„Во текот на
тренинзите, секој ден го гледав Марез како ги изведува пеналите, тоа ми даде
голема доверба во него, за него ова е едно големо искуство, следниот пат
сигурно ќе биде гол“ рече Гвардиола за тоа како паднала одлуката токму
Алжирецот да биде изведувач, а притоа додаде дека му се извинил на Жесус, кој
беше посебно разочаран откако имаше голема желба во него токму тој да биде
изведувачот.
„Секако, му се
извинив, тоа беше моја одлука“ истакна Гвардиола и посочи дека доколку беше на
теренот во тие моменти, сигурно дека Агуеро би го извел пеналот, но
Аргентинецот беше заменет уште во 66. минута а на негово место влезе токму
Жесус.
Ситуацијата од дербито која сигурно Марез не сака да ја види низ повторени снимки…