Пеп Гвардиола сака да се засили со играч од Бундеслигата!

by riste
1 минути читање

Манчестер Сити ја игра најлошата сезона откако Пеп Гвардиола е тренер на тимот, па тој веќе ги крои плановите за наредната.

Се очекува Манчестер Сити да направи голем ремонт во составот, неколку фудбалери да заминат, а други да дојдат.

Последните информации велат дека Пеп фрлил око на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен кој важи за еден од најдобрите во Бундеслигата.

Од Манчестер Сити веќе имале првични разговори со претставници на Вирц.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани