Пелистер вторпат поразен на подготовките, Охрид победи во Битола

by 24 фудбал
1 минути читање

Пелистер го претрпе вториот пораз во подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, откако на домашен терен беше совладан од Охрид со 1-2.

Гостите поведоа во 17. минута кога искусниот Бакрачески испрати силен удар од далечина и ја затресе мрежата на битолчани за 0-1. Охрид до паузата ја задржа предноста, а можеше и да ја зголеми, но голманот Димовски со неколку одлични интервенции го одржа Пелистер во игра.

Во второто полувреме домаќинот заигра поофанзивно и успеа да израмни преку Ивановски, кој со прекрасен погодок донесе 1-1. Сепак, радоста на битолчани траеше кратко. Само четири минути подоцна, летното засилување Николовски одлично продре по левата страна и со атрактивен погодок му ја донесе победата на Охрид.

За Пелистер ова е втор пораз во подготвителниот период, откако претходно загуби и на гостувањето кај Паниониос. Охрид, пак, ја продолжи успешната серија, бидејќи во првиот контролен натпревар славеше минимална победа над Новаци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×