Финалистите во
Купот на Македонија ќе бидат познати на 11. април кога ќе се одиграат реванш
натпреварите. На денешните први дуели, ниту еден од тимовите не обезбеди опиплива
предност.
Бранителот на
трофејот, Пелистер со гол во 90. минута направи пресврт и стигна до триумф од
2-1 над Акедемија Пандев. Јани Атанасов донесе водство за гостите по половина
час игра во Битола.
Домаќините до
крајот на мечет сепак го свртеа резултатот во своја корист. Борче Маневски
изедначи во 61. минута, а во последните мигови, Илијовски погоди за 2-1 и
огромно славје на „Тумбе Кафе“.
На дуелот во
Тетово, Ренова поведе во 12. минута
преку Стојановски откако Муслиу направи голема грешка. Шкендија брзо се врати
во игра, Емини во 26. минута изедначи на 1-1 но тоа беше се што успеа да стори
лидерот во ПМФЛ.