Паузата добро му дојде на Тотнем, Мурињо потврди, нема веќе повредени фудбалери

by
1 минути читање

Мурињо потврди дека нема повредени фудбалери, но проблем може да биде само тоа што одамна немале натпревари.

Пред пандемијата од коронавирус, Мурињо не можеше да смета на Хари Кејн, Сон, Бергвијн и Сисоко.

Не само што овие фудбалери веќе немаат проблеми, туку Сон во меѓувреме го отслужи и воениот рок во Јужна Кореја.

„Не можам во моментов да кажам дека тие се подготвени за игра бидејќи една работа е да се опоравите од повреда а друга е да бидете подготвени да играте фудбал“, вели Мурињо.

„Во случајот на Хари, можам да кажам дека тој не играл околу пет месеци, но веќе немаме повредени. Тие тренираат и сега сме на тоа, тренинзите имаат и многу ограничувања. Мора да одржуваме оддалеченост, не можеме да направиме тренинг натпревари…“.

„Хари Кејн, Сон, Бергвијн, Сисоко, сите тие се добри. И мислам дека со неколку недели нормален тренинг откако ќе ни дозволат властите, момците ќе бидат подготвени за игра. Се разбира не максимално, но мислам дека во моментов никој не може да биде подготвен на максимално ниво“.

„Се разбира, чувството е одлично кога ги имате сите, бидејќи ние го завршивме периодот со пораз од Лајпциг каде навистина ни беше тешко да составиме тим од 11 играчи вклучувајќи ги офанзивните фудбалери, во моментов сите се здрави“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×