Пато би можел да му стане соиграч на Пандев, покрај Џенова уште два клуба од Италија го сакаат

by
0 минути читање

Пато го напушти Сао Паолу во август, тој одлучил да не потпише нов договор со бразилскиот клуб, сака да се врати во Италија.

Информациите велат дека Џенова ја разгледува можноста да го ангажира 31-годишниот офанзивен фудбалер. Но, интерес има и од Специја.

„Газета дело Спорт“ пишува дека во трката е и Монца, тоа би значело повторно обединување на Пато со Силвио Берлускони и Адриано Галијани, кои го водеа Милан кога Пато беше таму, а сега се главни во Монца.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани