Парти ја откри главната причина која го убедила да потпише за Арсенал

by
1 минути читање

Големото
засилување за Арсенал во новата сезона, Томас Парти кој пристигна од Атлетико
Мадрид, тврди дека фактот што капитенот на „Топчиите“, Пјер-Емерик Обамејанг
остана во клубот ги потврдило големите амбиции на клубот од Лондон.

Интернационалецот
од Гана во Арсенал пристигна во последниот ден од преодниот рок за трансфери, а
не крие дека Обамејанг одиграл голема улога во неговата одлука да си замине од
составот на „Јорганџиите“.

Да, тоа и повеќе
од доволно ми помогна да разберам што точно посакува клубот да постигне во
иднина, за мене е одлично да играм со фудбалери како Обамејанг покрај себе во
еден тим
“ вели Парти за кого Арсенал на Атлетико Мадрид му исплати 45 милиони
фунти, онолку колку што изнесуваше неговата откупна клаузула.

Освојувањето на
титулата е нашата цел, тоа е целта на самиот клуб, на мене и на сите останати
соиграчи во тимот, сметам дека имаме можност да го вратиме овој клуб онаму каде
што припаѓа, сепак, тоа нема да биде лесно, но работиме да ја оствариме таа цел
и сметам дека сме подготвени
“ додаде Парти алудирајќи на тоа дека „Топчиите“
можат да ја освојат титулата во Премиерлигата сезона
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани