Во Фулам не се навикнати да имаат збиен распоред, не играат во европските натпреварувања, рано испаѓаат во куповите, па за Паркер е голем проблем утре ќе го играат мечот со Тотнем.
„Лут сум бидејќи не е правилно. Погрешно е, затоа сум толку многу лут“, вели Паркер.
„Не мислевме дека е реално да бидеме информирани во понеделник наутро во 9:30, тоа е скандалозно. Прифаќам дека треба да го играме натпреварот, но да ни кажеа порано“.
Премиерлигата претходно му излезе во пресрет на Фулам и му одложи натпревари поради позитивни случаи на ковид-19, тој со Тотнем беше одложен на неколку часа пред мечот, па и Мурињо имаше што да каже на денешната прес конференција.
На прашањето дали е прифатливо што Фулам треба да се подготви за толку кратко време за меч во среда, Мурињо одговори: „Дали сте сериозни? Тие имаат 48 часа да се подготват за натпреварот“.
Португалецот потсети на доцното одложување на мечот со Фулам претходно.
„Видете, нас не информираа два часа пред да стартува мечот дека нема да играме против нив“.