Париз по 46 години повторно ќе игра во Лига 1, ќе бидат ептен соседи со ПСЖ (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Во 33. коло од втората француска лига Париз ремизираше против Мартиг 1-1, а тој бод беше доволен за и теоретски да се обезбеди враќањето во Лига 1.

Париз првпат после сезоната 1978/79 ќе настапува во најдобрата фудбалска француска лига.

Газда на Париз е семејството Арно, односно најбогатиот маж во Европа, Бернар Арно кој планира големи инвестиции во клубот.

Интересно, стадионите на Париз и ПСЖ се еден до друг, речиси да се залепени, не може поблиски соседи од ова.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани