Се очекува Папу Гомез до крајот на месецов да ја напушти Аталанта откако го расипа односот со тренерот Гасперини.
Тој има одиграно само 37 минути во Серија А од декември, а Гасперини рече дека кавгата настанала откако Папу Гомез не сакал да се адаптира на промените кој требало да бидат воведени.
„Тоа беше избор диктиран од други фактори. Одлуката беше донесена со цел да најдеме друг тип на игра во тимот“, вели Гасперини.
„Во тој момент не ни одеше најдобро и Гомез не се адаптираше на промените, имавме проблеми во средниот ред, Рему Фрулер ни помагаше многу повеќе“.
Откако излезе изјавата на Гасперини, Папу Гомез со серија сторија на својот инстаграм профил покажуваше како се враќа назад во средниот ред за да му помогне на тимот.
