418
Се очекува Папу Гомез наскоро да ја напушти Аталанта откако се скара со тренерот Џан Пјеро Гасперини.
Аталанта не сака да го продаде Гомез на конкурентите од врвот, но може да си замине за 10 милиони евра доколку се работи за странски клуб или клуб од средината на табелата во Серија А.
Според „Скај Спорт Ииталија“, Фиорентина и Торино ја понудиле потребната сума, но Папу Гомез ги одбил сметајќи дека тие не се на неговото ниво.