Пандев стрелец во македонското дерби во Серија А кое заврши без победник (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Горан Пандев постигна гол во осмата минута од мечот. Судијата најпрво му го поништи поради наводно играње со рака, но откако се увери преку ВАР дека не е во право, голот беше прирзнаен, а Џеова поведе со 1-0.

Во 30. минута Удинезе преку Де Паул израмни на 1-1 што беше и конечен резултат.

Нашите репрезентативци не се најдоа во ист момент на теренот. Пандев беше стартер и играше до 70. минута, а Несторовски во игра влезе во 81. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани