233
Интер со цел плен
си замина од „Ферарис“, со два гола во второто полувреме, избраниците на
Антонио Конте стигнаа до победа и покрај тоа што не прикажаа многу.
Резултатот беше
отворен во 64. минута, една добра акција на Берала и Лукаку донесе 100% шанса а
напаѓачот прецизно биеше за 0-1.
Петнаесет минути подоцна,
по еден корнер, Ранокија го промени правецот на топката а Д’Амброзио со глава
ја затресе мрежата на Џенова за 0-2.
Горан Пандев
одигра цел натпревар за домаќините, Македонецот доби неколку дуели со
противничките дефанзивци, испрати и една одлична топка во фор и отвори шанса за
неговиот тим, но Џенова малку беше заинтересирана за напад денеска.