146
Џенова не го искористи домашниот терен, одигра само 1-1 против Болоња, се спаси од пораз во последните моменти од судиското продолжение.
Горан Пандев беше на клупата на овој меч, доби повик од тренерот да влезе во игра во 92. минута но Македонецот одби. На негово место во игра беше ставен Оливие Нчан на кој му требаа две минути да даде гол и да и донесе бод на Џенова.
„Точно е, имаше недоразбирање со Горан. Никој фудбалер не е среќен кога го ставате во игра во судиското продолжение, го видов тоа кај Горан па му дадов шанса на Нчам кој погоди од својот втор шут“ – изјави тренерот Андреа Мандорлини.