61
Според
информациите кои ги пренесува „Калчомеркато“, 28 годишниот македонски напаѓач
од редовите на хрватскиот прволигаш Славен Белупо, Мирко Ивановски се споменува
како идно засилување на италијанскиот калчолигаш Џенова, каде настапува Горан
Пандев.
Македонецот има
важечки договор со Славен Белупо до претстојното лето, но очигледно е дека нема
да падне договор помеѓу обете страни за продолжување на соработката, па со тоа
се отвораможност Ивановски да направи трансфер.
По 26 одиграни
кола во Хрватска, Ивановски со десет погодоци е на делба на третото место на
листата на стрелците.