Како тоа што
фудбалерите играат пред празни трибини да е малку, треба да се избегнува и контакт
односно прегрнување и поздравување. Но тешко дека играчите можат строго да се
придржуваат до овие правила, особено кога ќе се даде важен гол на значаен меч.
Синоќа, Џенова
освои три големи бода во борбата за опстанок откако го шокираше Милан на Сан
Сиро, стрелец на еден од погодоците беше и нашиот Горан Пандев, за кого ова
беше седми погодок оваа сезона.
Македонецот потоа
се најде на критики на Министерот за спорт на Италија, кој го посочи
популарниот Гоче како лош пример во борбата против коронавирусот.
„Фудбалот дава
лош пример, изливот на емоции на Пандев, прегрнувањето со соиграчите е најдобар
доказ за тоа. Се надевам дека Гравина (првиот човек на Фудбалската федерација
на Италија) ќе донесе разумна одлука за да го заштити здравјето на Италијанците“
– изјави Винченцо Спадафора за Раи 2.
Но доколку нашиот
Горан Пандев давал лош пример, што ќе каже Министерот за спорт за Пауло Дибала.
Аргентинецот
синоќа мајсторски ја затресе мрежата на Интер во „Дербито на Италија“ за 2-0 и
не само што прослави со играчите кои беа на теренот, туку и со целата клупа на
Јувентус. Јасно е зошто радоста на сите
беше огромна, со овие три бода „старата дама“ се врати на врвот на табелата и триумфот
може да значи Скудетот. За оваа работат напорно секој ден, па тешко дека ќе
можат да ги сопрат емоциите.
ENNESIMA MERAVIGLIA DI DYBALA !
Gol Spettacolare+Esultanza+Abbracio di Gruppo= FAMIGLIA #Juventus #QuantoTiAmo #JuveInter #FinoAllaFine @juventusfc pic.twitter.com/oyKEW4z2aH— Federica (@FedericaRotaro) March 9, 2020