Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев во интервју за Јутјуб каналот „Минут узвишености“ зборуваше за најважните моменти од својата богата кариера, а посебно се осврна на деновите поминати во белградска Црвена звезда.
Панчев смета дека распадот на Југославија бил клучен за распадот на славната генерација на балеградскиот гигант.
Според него, најголемиот дел од фудбалерите не сакале да заминат, туку биле принудени поради војната и тешката ситуација во регионот.
„Да не беше таа проклета војна од која сите изгубија, никој ништои не доби, лесно можеби 80-90% од тие играчи можеа да останат во Звезда. Никој од нас не замина во друг клуб поради симпатии кон него. Одевме само за да се обезбедиме и да заработиме. Нашата љубов беше во Југославија, Звезда, Вардар…Се друго останато беше само професионално одработување. Ти играш таму, но ги немаш тие емоции каде што настапуваш со љубов и во тој поглед штета што таа генерација се распадна“, изјави Панчев.