76
Судот реагираше на жалбата на Палермо и донесе компромисно решение. Клубот на Несторовски и Трајковски е казнет со одземање на 20 бодови за финансиските нерегуларности.
Палермо сезоната ја заврши со 63 освоени бода, сега ќе има 43 бода со кои ќе се најде на средина на табелата со што ја избегнува првичната казна да биде исфрлен во Серија Ц.
Во летниот преоден рок новите сопственици на клубот треба да ги покажат амбициите по што ќе се знае дали Несторовски и Трајковски ќе останат во Палермо или ќе си побараат нови средини.