Клубот од
Сицилија добива нови сопственици, па Маурицио Ѕампарини минатата недела си
поднесе оставка.
На негово место денеска беше именуван 33 годишниот Пол Бакаљини, кој е роден во
САД од татко Американец и мајка Италијанка.
Според
официјалната веб страна на Палермо, се работи за успешен човек во светот на
финансиите и коосновач на фондот Integritas Capital заедно со партнери од британски и американски
банки.
Но во Италија тој
е познат и како ТВ и радио водител, а има учествувано и во популарното шоу „Ла
Јене“ (Хиени).
Новите
сопственици имаат цел во следните три до пет години да се избори настап во
Европа, како и да се обезбедат финансиски средства за изградба на нов стадион и
спортски центар.